Заборавете на перутењето на брадата и косата

Оние кои имаат проблем со перутењето на кожата, знаат колку е тешко да се третира овој проблем. Само што сте помислиле дека сте го решиле, на рамената повторно имате мали бели „снегулки“.

Затоа, Ви предлагаме да направите пилинг за кожата на главата и брадата од кафеав шеќер и мед.

Кафеавиот шеќер нежно ги отстранува мртвите клетки на кожата, без притоа да ѝ нанесе штета. Медот, пак, овозможува привлекување на влагата кон скалпот и влакното.

SLIKA-2

Потребни состојки:

2 супени лажици кафеав шеќер

1 супена лажица мед

Начин на подготовка:

Во мал сад добро измешајте ги шеќерот и медот. Потоа, добиената смеса нанесете ја на кожата на главата или брадата и масирајте околу 5 минути, па исплакнете.

Овој пилинг употребувајте го еднаш во текот на една недела.

SLIKA-3

 

Е.С.

насловна сл/dmarge.com

сл2,3/evdesifa.com

 

*Во врска со примена на препораките во текстовите со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.