„Smoothie“ од карамела за добра ноќ

Не веруваме дека постои некој кој не ужива во вкусот на карамела. Дури и да постои, сигурни сме дека по пробувањето на ова smoothie ќе го промени мислењето!

SLIKA-2

Потребни состојки:

Шеќер

3 дцл млеко

Јаболко

Банана

1 кафено лажиче жалфија

Шлаг

Начин на подготовка:

Растопете го шеќерот и претворете го во карамела. Во друг сад загрејте го млекото и додадете ја жалфијата, а потоа оставете го да отстои околу 5 минути. Процедете го млекото, по желба додадете малку шеќер и изблендирајте ги заедно со јаболкото и бананата во блендер. Содржината сипете ја во чаша, декорирајте со шлаг и карамела.

На здравје!

SLIKA-3

 

Е.С.

насловна сл/recipechart.com

сл2/wishesndishes.com

сл3/recipeshubs.com

 

*Во врска со примена на препораките во текстовите со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.