ВО ЛОНДОН

ВО ЛОНДОН…

 

САКАМ ДА ШЕТАМ: Секаде низ Лондон. Секој дел од градот е прекрасен и убав на посебен начин. Викендите ги користев максимално за шетање, па така во зависност од расположението ја одбирав и локацијата….Како на пример, шопинг на Oxford Street,  прошетка во Hyde Park или излет во прекрасниот Greenwich…

СЕКОГАШ ЌЕ ИМАМ УБАВИ СПОМЕНИ ОД: Прекрасната куќа и населбата во која живеев, Islе of dogs, Canary Wharf. Раздвижено, а истовремено опуштено место покрај каналото на реката Темза. Секој ден почнуваше и завршуваше со неодоливиот поглед од мојот прозорец кон облакодерите на Canary Wharf.

ГО САКАМ УТРОТО БИДЕЈЌИ: Инспирира и мотивира кога си во Лондон…Брзи, растрчани, хаотични..Тоа ми се допаѓаше. Набрзина купуваш кафе и право во канцеларија за да го започнеш работниот ден. Но, токму таа брза динамика ми беше главниот мотиватор за денот.

ЈА САКАМ ВЕЧЕРТА БИДЕЈЌИ: Е опуштена и релаксира. Пијачка (пиво) со колегите после напорниот ден или опуштена вечера и чаша вино во некој од многуте ресторани во Лондон. Незаменливо.

ГО САКАМ ЛОНДОН БИДЕЈЌИ: Е незаменлив, неспоредлив, и бидејќи е град кој го почувствував како свој дом со првиот чекор кој го направив во него.

NASLOVNA

 

SLIKA-3

SLIKA-4

SLIKA-5

SLIKA-6

SLIKA-7

SLIKA-8

 

Одговорил: Pass I.T.