Коцки лед – одлични за нега на кожата на лицето

Коцките лед се одлични за нега на кожата. Кога ќе ги употребувате на лицето, замотајте ги во газа, затоа што директната примена на кожата може да доведе до пукање на капиларите. Коцките лед можат да се користат за намалување на видливоста на акните. Неколку минути со коцка лед поминувајте врз проблематичното место и иритацијата и црвенилото ќе се намалат.

Ледот, исто така, е одлично решение за оние кои имаат масна кожа. Мијте го лицето со дробен лед цела седмица и ќе забележите позитивни резултати.

Ледот може да Ви помогне за намалување на видливоста на порите или пак, при изгореници од сонце.

Можете да го користите и за отстранување на влакненцата од лицето. Иако е доста долг процес, студенилото може целосно да го умртви коренот на влакното. Откако ќе го измасирате лицето со лед, применете некој природен пилинг за лице.

 

Е.С.

насловна сл/globalicesculptures.co.uk

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.