Како да го забрзате метаболизмот?

Иако секое тело и секој метаболизам е различен,  проблемот со побавен метаболизам  го имаат голем број на луѓе, а тоа најчесто зависи од гените, годините, тежината и физичката активност, но и од исхраната како доста значаен фактор. Ова се најчестите совети за забрзување на метаболизмот, со цел побрзо согорување на калориите и поголема виталност:

  • Вода

    voda2
    пиење вода наутро

Овој совет скоро сите веќе го знаат, но секогаш е добро да се потсетува колку честото пиење вода е корисно. Пиењето вода на сабајле веднаш по станувањето, е особено препорачливо.

  • Истегнување и физичка активност

Истегнувањето  наутро му помага на телото да се разбуди и раздвижи, доколку редовно се практикува како рутина, тоа го одржува телото фит, секако покрај другите фактори кои треба да се почитуваат.

vezbi
редовна физичка активност

Физичката активност е препорачлива за секого и за секоја возраст, зависно од можноста и потребата на лицето. Редовното пешачење, брзо одење, лесни вежби, пилатес, аеробик, пливање, јога и уште многу други ќе ви помогнат во забрзување на метаболизмот …

      За забрзување на метаболизмот особено се препорачуваат вежби со тегови во дозволена тежина

 

  • Без прескокнување оброци, особено појадок

    jabolko-1
    оброк – без прескокнување на појадокот

Препорачливи се 4-6 мали-умерени оброци во текот на денот, поделени на главни оброци и ужини. За ужини се препорчуваат здрави јатки во ограничена и умерена количина (лешници, ореви, свежи бадеми), не треба да се претерува во нивната количина. Во препорачаните ужини спаѓаат и свежи моркови, суво овошје како урми и смокви и сл.

Појадокот е гориво за организмот, но секако важно е и што појадувате. Таа не би требало да бидат лиснати теста, крофни, кифли и слични. Појадокот треба да биде со квалитетни и хранливи состојки. Се препорачува појадок богат со белковини, а корисно е и да се јаде овошје наутро пред појадокот за да може организмот да ги искористи во целост хранливите состојки на овошјето.

  • Кафе, Зелен чај

    voda
    кафе и зелен чај

Покрај кафето кое е познато за потикнување на работата на метаболизмот, исто така во умерени количини, зелениот чај може да придонесе за забрзување на метаболизмот.

  • Протеини

Без заборавање на протеините во исхраната- бидејќи на телото му е потребно повеќе енергија за да ги согори, на тој начин се забрзува и метаболизмот.

slika2
квалитетен сон
  • Квалитетен сон

Под квалитетен сон се подразбира спиење без прекини 7-8 часа. Не само што спиењето ја поттикнува работата на метаболизмот, туку и помага во одржување на убавината и младиот изглед.

 

 

 

Ц.Б.