Излечете ја настинката за 24 часа

Обичната настинка е можно да се излечи во рок од 24 часа! Ви нудиме распоред кој мора да го следите во текот на денот за да се ослободите од неа:

07:00 – По будењето во раните утрински часови, кога нема да се чувствувате баш најдобро, истуширајте се со врела вода. На овој начин ќе ги намалите болките во зглобовите и дишните патишта ќе бидат прочистени.

08:00 – Следува квалитетен појадок. Свежо цеден сок од портокал или лимон е дневната доза на витамин Ц која треба да ја внесете. Потоа пригответе си топол  оброк.

SLIKA-2

10:00 – Прочистете ги дишните патишта така што ќе вдишите пареа од чај од ментол.

12:00 – Излезете на свеж воздух за да го подобрите расположението и да го зајакнете имунитетот.

SLIKA-3

13:00 – За ручек се препорачува пилешко месо и салата. Протеините се одлични за зајакнување на имунитетот. Не го избегнувајте месото, така само ќе ја продолжите настинката.

15:00 – Време е за топол чај, а потоа и за уште една чаша цеден сок полн со витамин Ц.

18:00 – Во храната која ја подготвувате за вечера додадете зачин по желба кој има антивирусно или антибактериско својство. Тука спаѓаат: кари, ѓумбир или бел лук во прав.

20:00 – Денот повторно завршете го со врела вода. Овој пат опуштете се и уживајте во топла бања која ќе ги опушти изморените мускули.

22:00 – Имајте 8 часа добар сон.

 

Е.С.

насловна сл/nwfent.com

сл2/pcwallart.com

сл3/huffingtonpost.co.uk

 

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.