Чудесно овошје – лимон

Дали знаевте дека ги лимонот го содржи ова богатство од витамини и минерали?

 

Богат е со витамините B1, B2, B3, B5, B6 и B9 а најмногу содржи витамин Ц кај кој некои од многубројните благодети е придонесот за зголемување на имунитетот, за убава и здрава кожа, учеството во отстранувањето на слободните радикали. Покрај тоа, лимонот ги содржи и минералите како железо, магнезиум, фосфор, калциум, манган, цинк, бакар. Содржи и лимоноиди, фитонутриенти богати со антибиотички и антиоксидативни својства.

Во борбата против настинка и грип, за здрава и сјајна кожа, за виталност и подобро варење на храната. Ова е само мал дел од придобивките со користење на лимонот во секојдневието.

 

*За забрзување на метаболизмот и подобро варење на хранатаи чистење на токсините : Многумина го практикуваат овој рецепт кој навистина се покажал како делотворен…Наутро се пие млака вода со неколку капки лимон, а по желба се додава мед. Единствена маана кај овој магичен рецепт е што постои предупредување за да се внимава при неговото користење кај лицата кај кои глеѓта на забите е пречуствителна, па затоа да не ја задржуваат течноста со лимон многу долго во уста бидејќи тоа може да ја омекне забната глеѓ.

 

Ц.Б.