Знаци дека не јадете доволно протеини

Заслужни за изградба на мускулите, растот и обновата на ткивата на косата и ноктите и за одржување на здрав имунитетен систем.

SLIKA-2

Ова се знаците дека не јадете доволно протеини:

Слабост во мускулите. Доколку Ви е проблем носењето торба со производи од продавница до дома, вината треба да ја барате во Вашата исхрана. Доколку не внесувате доволно протеини, организмот самиот ќе почне да ги троши „резервите“, односно ќе почне да се храни од мускулите и другите ткива. Тоа ќе ја намали мускулната маса, а со тоа и вежбањето и секојдневните активности ќе бидат отежнати.

Опаѓање на косата. Невнесувањето протеини доведува до ослабнување на фоликулите на влакното, а со тоа и до опаѓање на косата.

Постојан глад. Протеините заситуваат, а тоа овозможува да не внесувате непотребни и нездрави грицки до наредниот оброк. Исто така, внесувањето протеини наутро овозможува и намалена потреба за храна во текот на целиот ден.

Постојан умор. Уморот може да биде и психички и физички. Одеднаш се јавува силна желба за одмор.

Неконтролирана потреба за благо. Долго по оброкот, протеините одржуваат ситост, со што помагаат во задржување на шеќерот во крвта на стабилно ниво. Доколку не внесувате доволно протеини, нивото на шеќерот станува нестабилно и се појавува неконтролирана потреба за благо.

Деконцентрираност. Со намалувањето на шеќерот во крвта се намалува и деконцентрираноста. Протеините овозможуваат концентрација и фокусираност.

SLIKA-3

 

Е.С.

насловна сл/ yourdietmethod.com

сл2/medicalnewstoday.com

сл3/ popsugar.com

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.