Коректор – што е и како се користи?

Коректорот е пудераст производ, течен, кој пред се се користи како производ со кој ќе се прикријат одредени неправилности на лицето како акни, темни кругови околу очите итн. Исто како и течниот пудер, и коректорот се наоѓа во различни нијанси и форми, па така може да се најде во течна, кремаста состојба или како стик. Бојата на коректорот ја избирате во зависност од тоа за што ќе го користите. Така, доколку коректорот ви е потребен за прикривање на акни, ќе изберете боја кој е идентична на останатиот дел од вашето лице односно иста како и течниот пудер.

Доколку го употребувате за хајлајт, односно посветлување на делови на лицето, ќе изберете боја за една или две нијанси посветла од Вашето лице, а доколку коректорот го користите за контурирање, ќе изберете боја потемна од бојата на Вашето лице за две нијанси или повеќе во зависност од изразеноста на контурите која сакате да ја постигнете.

Како што може да забележите од досега кажаното,  коректорот е производ кој има неколку намени. Па така, освен за прикривање на неправилности на лицето, може да го користите и за други намени, па со тоа ќе заштедите пари, но,  и време кое ќе го поминете во парфимериите одбирајќи бои кои ќе одговараат на Вашето лице. Освен тоа, со тоа што коректорот ќе го користите и за други намени, ќе заштедите простор доколку патувате, бидејќи во еден производ ќе имате повеќенаменски коректор.

Кога сакате да прикриете одредена неправилност на лицето, особено подочњаците, треба да изберете коректор кој ќе биде наменет на типот на Вашата кожа  и со густина во зависност од големината на проблемот. Во спротивно, тој нема да прекрие добро, односно после некое време ќе ги открие сите неправилности на Вашето лице. Користејќи ги коректорите ,  ќе добиете природно перфектен изглед. И не заборавајте, секогаш да го сетувате коректорот со помош на камена пудра. Така ќе му го продолжите дејството, и ќе го подобрите изгледот на Вашето лице.

Јас ги користам коректорите на компанијата Аура и тоа во нијанса 302 како коректор со кој ги прикривам подочњаците и акните. Тоа го правам на тој начин што со апликаторот нанесувам еден слој од производот директно на местот кое сакам да го прикријан и со помош на рамна четка нежно го блендам додека не се стопи со кожата.

SLIKA-1

Како боја со која го посветлувам моето лице во пределот под очите, на челото, средината на носот и брадата, ја користам нијансата 301 која ја нанесувам исто како и предходната но со разлика што после блендањето на оваа нијанса, сето тоа го сетувам со камен пудер. Со ова давам акцент на овие делови на лицето ,и визуелно ги ставам очите во прв план.

SLIKA-7

И како последен чекор кој го правам со помош на овие коректори, е контурирањето. Тоа го правам со помош на нијансите 303 и 306 кои во зависност од јачината на контурите која сакам да ја постигнам, ги дозирам и мешам. Така помешаната нијанса ја нанесувам на челото, слепоочниците и под јагодичната коска но само до средина на образот. Со тоа го правам моето лице послабо. Целосна рецензија за овие коректори може да прочитате на мојот блог .

SLIKA-3

SLIKA-2

Се надевам дека Ви помогнав со ови мои совети. До наредниот текст, следете ме на мојот блог www.mymakeupbagm.blogspot.mk

 

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

насловна сл/ mybeautyways.com

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.