Препознајте кој витамин Ви недостасува – 2дел

ВИТАМИНИ ОД Б КОМПЛЕКСОТ

 Витамин Б1. Овој витамин овозможува енергија потребна за работа на мозокот и други делови на телото. Може да се најде во рибата, оризот, сончогледот, оревите, овошјето и зеленчукот, млекото и квасецот.

Намаленото внесување на витаминот Б1 во организмот доведува до губење на апетитот, раздразливост и пореметување кај системот за варење, грчење на мускулите, губење на помнењето.

Витамин Б2. Овој витамин неопходен е за претворање на аминокиселините и мастите во енергија, за создавање на црвени крвни зрнца, за зајакнување на имунолошкиот систем и нормално функционирање на нервниот систем. Може да се најде во млекото и млечните производи, јајцата, рибата, овошјето и зеленчукот.

Намаленото внесување на витаминот Б2 во организмот доведува до иритација на очите и осетливост на светлина, видливи рани околу усната, тешкотии при зараснување на рани, разни алергиски реакции и воспаленија на кожата.

Витамин Б3. Ја подобрува циркулацијата на крвта и функционирањето на нервниот систем, го намалува нивото на лош холестерол. Помага и во одржувањето на здрава кожа, коса и очи. Може да се најде во печурките, месото, рибата, кикириките, млекото, оризот.

Намаленото внесување на витаминот Б3 во организмот доведува до слабеење на мускулите, губење на апетитот, умор, проблеми со варење на храната, проблеми со кожата и пореметување на нервниот систем.

Витамин Б5. Значаен е за одржување на здрава кожа, влијае врз работата на нервниот систем, регулирање на високото ниво на холестерол и триглицериди во крвта, помага при стрес. Може да се најде во мешункастите плодови, печурките, месото, рибата, јајцата, кавсецот, овошјето и зеленчукот.

Намаленото внесување на витаминот Б5 во организмот доведува до умор, проблеми со кожата и разни видови инфекции.

Витамин Б6. Помага при формирањето на црвени крвни зрнца и при разградувањето на протеините, го одржува здравјето на нервниот систем, ја ублажува мачнината, го штити организмот од кожни заболувања и од грчеви, ги  балансира хормоните кај жените, овозможува раст и развој на фетусот. Може да се најде во јаткастите и мешункастите плодови, житарките, јајцата, месото, рибата, овошјето и зеленчукот.

Намаленото внесување на витаминот Б6 во организмот доведува до грчеви, воспаление на кожата, раздразливост, анемија, несоница, умор, проблеми со концентрација и помнење, главоболка.

Витамин Б7. Овој витамин потребен е за зацврствуање на ноктите, за здрава кожа и коса. Може да се најде во мешункастите плодови, печурките, месото, рибата, јајцата, кавсецот, овошјето и зеленчукот, чоколадото.

Намаленото внесување на витаминот Б7 во организмот доведува до опаѓање на косата, лупње на ноктите.

Витамин Б9. Овој витамин учествува во создавање на ДНК и РНК, во подобрување на крвната слика, помага при стрес и умор. Може да се најде во месото, ковошјето и зеленчукот, лебот, јаткастите и мешункастите плодови.

Намаленото внесување на витаминот Б9 во организмот доведува до несоница, анемија, депресија, раздразливост, губење на апетитот.

Витамин Б12. Овој витамин помага при превенција од анемија, го зголемува апетитот, го подобрува нервниот систем, учествува во создавање на ДНК. Може да се најде во морските плодови, рибата, јајцата, млекото и млечните производи, месото, житарките.

Намаленото внесување на витаминот Б12 во организмот најчесто се јавува кај доилките, трудниците и алкохоличарите. Доведува до појава на слабост, умор, дијареа, намалување на телесната тежина, проблем со концентрацијата и помнењето, бледа и жолтеникава кожа, губење на рамнотежа, халуцинации.

SLIKA-2

SLIKA-3

 

Е.С.

насловна сл/momjunction.com

сл2/ food.ndtv.com

сл3/ sportobzor.ru

 

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.