Вежбајте гледајќи ја омилената серија

Идеално време за вежбање во домот може да биде додека трае Вашата омилена серија. Додека трае серијата можете да извршувате полесни вежби, а за време на рекламите поинтензивни. На овој начин ќе заборавите на нездравите грицки и ќе потрошите повеќе калории.

Почеток на серијата. Наместо да седите или да лежите на креветот, почетокот на серијата гледајте го додека одите во место. Оваа активност треба да трае до првите реклами.

Прв блок реклами. За време на рекламите размрдајте се со трчање во место. Оваа активност нека трае 30 секунди, а потоа, до завршувањето на рекламите правете исчекори наизменично со двете нозе.

Продолжување на серијата. Сега одењето во место заменете го со марширање во место. Нозете кревајте ги до висина што нема да Ве замори.

Втор блок реклами. Во вториот блок реклами, трчајте во место со високо подигнати колена. И оваа активност нека трае 30 секунди, а потоа 30 секунди правете склекови. Повторувајте ги овие две активности додека траат рекламите.

Продолжување на серијата. Додека марширате во место, подигнувајте ги колената најмногу што можете.

SLIKA-2

Трет блок реклами. Во третиот блок реклами правете jumping jacks, односно при секое отскокнување ширете ги и собирајте ги нозете и рацете. Оваа активност нека трае 30 секунди, а потоа 30 секунди правете чучнувања. Повторувајте ги овие две активности додека траат рекламите.

Продолжување на серијата. Повторно вратете се на трчањето во место. Доколку чувствувате замор можете и да одите во место.

Четврт блок реклами. Во четвртиот блок реклами вежбајте со помош на стол. Клекнете пред столот, а дланките ставете ги на него. Подигнувајте се и спуштајте се 30 секунди, а потоа 30 секунди правете вежба – руски твист.

SLIKA 3

Крај на серијата. крајот на серијата изгледајте го со скокање на јаже.

Секако дека доколку овие вежби се премногу напорни за Вас, секогаш можете сами да си ги модифицирате според Вашите способности.

 

Е.С.

насловна сл/ yourbeautyadvisor.com

сл2/ practicavida.es

сл3/ hellodoctor.co.za

 

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.