Љубовни зборови: Мир

МИР

Мирот кој  ми го даваш,

не може да се опише со зборови,

бидејќи,

посилен е и од блесокот на јакото сонце,

од острината на најсилниот ветер.

Како што тој ветер,

дувајќи,

ја крева сета прашина од земја,

така ти ја креваш енергијата во мене.

Ја креваш желбата за радост како дете,

без ниеден грев,

без ниедна лоша мисла.

Продолжи така и не запирај,

биди мојот мир,

кога се друго е немирно.

Ц.Б.

 

 

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.