Не мора да броите овчички за да заспиете

Храната многу влијае врз спиењето, па според тоа, постојат одредени продукти кои ќе Ви помогнат полесно да заспиете.

Цреши и вишни. Помагаат при излачување мелатонин – хормон со кој се регулира циклусот на спиење и на будност. Слободно можете да ги јадете во неограничени количини.

Леблебија. Богата е со витамин Б6 кој е потребен за лачење мелатонин. Леблебијата можете да ја грицкате во текот на целиот ден.

SLIKA-2

Бадеми. Содржат калиум и витамин Б кои помагаат во опуштање на нервите. Можете да ги јадете наутро како здрава храна, додека сте на работа. Навечер јадете бадемово масло намачкано на тост леб и одозгора ставете исецкана банана.

Банани. Консумирајте ги исто како и бадемите.

Ореви. Содржат триптофан – амино-киселина која помага при полесно заспивање. По вечерата јадете ореви.

SLIKA-3

Кељ. Богат е со магнезиум. Можете од него да направите чорба или пак, да направите вкусно smoothie.

Каша од зоб. И овој производ овозможува лачење мелатонин. Јадете го за било кој оброк во денот.

 

Е.С.

насловна сл/deherba.com

сл2/lecheflja.dobrahrana.jutarnji.hr

сл3/boatloadsofhealth.com

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.