Столот заменете го со пилатес топка

Долготрајното седење на стол претставува сериозен проблем по здравјето на целото тело. Се јавуваат болки во вратот и грбот, се зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести и ризикот од појава на дијабетис, се зголемуваат килограмите поради енергијата која не се троши.

За разлика од столот, пилатес топката обезбедува правилно држење и флексибилност на телото за време на седењето, на пример додека сте пред компјутерот или телевизорот. При седењето и обидот за одржување рамнотежа се зајакнуваат сите мускули на телото, особено стомачните. Со тоа се зголемува трошењето на калориите и се подобрува циркулацијата.

SLIKA-2

Доколку сте почетник, Ве советуваме постепено да го зголемувате времето на седење на топката. Бидејќи ова овозможува активирање на сите мускули, не би сакале да дојде до воспаление.

 

Можете и да вежбате додека седите на тој начин што ќе го кренете едното стапало од подот и ќе балансирате, па потоа другото.

Избор на пилатес топка

Пред да ја купите топката, проверете дали таа е соодветна за Вашата висина. Можете да проверите на тој начин што ќе седнете на неа и забележете дали Вашите колена се повисоки од телото или се еднакви со него. Топката на која колената Ви се повисоки од телото не е соодветна за Вас.

Ова се димензиите:

45 см = -150 см

55 см = 150/162 см

65 см = 162/180 см

75 см = 180/200 см

85 см = +200 см

Исто така, распрашајте се и за издржливоста на топката на Вашата телесна тежина.

SLIKA-3

 

Е.С.

насловна сл/ livestrong.com

сл2/ loopnewsbarbados.com

сл3/ medicalexpo.com

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.