5 секојдневни нездрави навики. Кои се тие?

Можеби не сте пушач и мислите дека водите здрав живот, но сигурно постојат некои навики кои ги правите, а кои му пречат на Вашето здравје. Еве 5 од нив:

Предолго седење. Можеби вежбате редовно, но тоа нема да ја намали штетата на Вашето тело направена од 8 часовното седење на работа. Затоа, користете ја паузата за размрдување и истегнување, а доколку работното место Ви е во близина на местото на живеење, одете пешки или со велосипед наместо со автомобил.

Хронична ненаспаност. За да го избегнете високиот крвен притисок, болестите на срцето или некои други здравствени проблеми, Ве советуваме себеси да си осигурате секојдневен 8 часовен сон.

Честа посета на солариум. Се криете од сонцето, а сакате да посетувате солариум? Мора да Ве потсетиме дека одењето на солариум е исто толку опасно колку и претераното изложување на сонце.

Готвење на плин. Можеби готвењето на плин е побрзо и поевтино, но дали е и поздраво? При готвењето, во организмот внесувате јаглен моноксид, кој го внесувате и како пасивен пушач.

SLIKA-2

Премногу млечни и месни производи. Исхраната не треба да се темели само врз овие два вида производи. Консумирајте и различни видови на житарици, семиња, овошје и зеленчук, јаткасти плодови и слично, за дополнително внесување на потребни витамини и минерали во организмот.

SLIKA-3

 

Е.С.

насловна сл/ unsugarize.com

сл2/ footage.framepool.com

сл3/ bullfax.com

 

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.