Рани утра или доцни вечери?

Дефинитивно рани утра. Со зголемувањето на годините, се менуваат и навиките и начинот на живеење, па затоа ако порано сакав доцни вечери, сега дефинитивно рани утра.

ГАЛА-девојка, 29

 

Рани утра. Ги обожавам пиејќи го моето први утринско црно кафе.

ГАЛА-девојка, 26

 

Доцни вечери, создадени за убава забава или романтична вечер, прошетка.

ГАЛА-девојка, 24

 

Рани утра, секогаш и секаде.

ГАЛА-девојка, 26

 

Рани пролетни/летни утра, кога се посвежи и можеш на тераса/балкон да уживаш додека го пиеш своето прво кафе.

ГАЛА-девојка, 25

 

Доцни вечери, бидејќи имаат своја магија, имам поголема инспирација за се навечер, особено кога е потивко. Уживам во вечерта.

Гала-девојка, 28

 

Рани пролетни утра, уживам во благите сончеви зраци наутро, свежината на воздухот која ме буди.

ГАЛА-девојка, 25

 

Доцни вечери, бидејќи имаат своја посебна убавина, јас сум ноќна птица, ги сакам забавите до покасно, уживам и во касните вечерни прошетки, дури и кафето можам покасно да го пијам.

ГАЛА-девојка, 22

 

Рани утра. Ги сакам утринските прошетки, утринското туширање, пиење цеден портокал и убаво зготвено кафе. Уживанција.

ГАЛА-девојка, 24

 

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.