Цреши – извор на енергија и виталност

Црешите се природен извор на витамини и минерали, особено на витамин Ц и цинк, кои придонесуваат за имунитет на организмот. Ја подобруваат здравствената состојба со што имаат значајно место во борбата против целулитот и реумата, заштитуваат од срцеви заболувања, го подобруваат варењето на храната.

Исто така, содржат и фолна киселина која го јакне крвотокот и срцето.

Содржат и големи количини на антиоксиданти кои придонесуваат во јакнење на сврзувачкото ткиво и ја спречуваат појавата на брчки на лицето.

SLIKA-2

Богати се со заштитни киселини и овошен шеќер, со што помагаат во варењето на храната и го поттикнува работењето на цревата.

Исто така, го подигнуваат нивото на енергија, одлични се за кожата и очите, бидејќи содржат и големо количество на витамин А, помагаат при несоница бидејќи содржат мелатонин, ја подобруваат концентрацијата, ја намалуваат болката при менструалниот циклус.

И за крај, најважното својство на црешите е антивоспалително. Затоа, препорачливи се за спортистите и за лица кои страдаат од болки во телото.

SLIKA-3

 

Е.С.

насловна сл/ nnabel-langbein.com

сл2/ mirror.co.uk

сл3/ petitworldcitizen.com

 

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.