6 екстра совети за Вашите трепки

Убаво одржуваните трепки овозможуваат поубав и позаводлив изглед на очите. Следете ги овие 6 екстра совети за нивен поубав изглед:

Рицинусово или маслиново масло. Маслото нанесете го на трепките и оставете го да делува околу 30 минути, а потоа отстранете го со памук. Нанесувајте го три пати во неделата. Ова ќе Ви помогне да имате поцврсти и погусти трепки.

MASLA

Триење на очите. Избегнувајте да ги триете очите со рацете, бидејќи на тој начин влакната стануваат кршливи и лесно се кинат.

Бебешка пудра. Пред да ја ставите маскарата, нанесете бебешка пудра на трепките. На овој начин, маскарата полесно ќе ја нанесете и ќе добиете поголем волумен на трепките.

BEBESKA-PUDRA

Четкичка за маскара. Откако ќе ја потрошите маскарата во која има убава четкичка, секако дека не мора да купувате иста таква маскара, туку едноставно купете некоја друга, а старата четкичка ставете ја во неа.

Чистење на четкичката за маскара. Четкичката за маскара чистете ја еднаш месечно. Со тоа ќе ја спречите појавата на бактерии и формирањето на мали грутки.

SLIKA-4

Посветла маскара. Доколку сте русокоса, Ве советуваме да нанесувате посветла маскара, но не и црна. Црната маскара ќе им овозможи неприроден изглед на очите.

SLIKA-5

 

Е.С.

насловна сл/creativeartistryfx.com

сл4/answers.com

сл5/stylecraze.com

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.