Домашни анти-целулитни облоги од чоколадо

Освен тоа што чоколадото нѝ е омилено кога станува збор за благо, тоа е одлично и за разни масажи, маски, облоги… Чоколадото е одлично во борбата против целулитот, бидејки во себе содржи околу 40% чист кофеин, кој го забрзува топењето на маснотиите.

Доколку имате проблем со целулитот, Ви предлагаме да си подготвите чоколадни облоги.

Потребни состојки:

200 гр црно чоколадо

1 супена лажица маслиново масло

Проѕирна кујнска фолија

SLIKA-2

Начин на подготовка:

Црното чоколадо растопете го на водена пареа и во него додадете го маслиновото масло. Мешајте додека смесата не се соедини.

SLIKA-3

Начин на употреба:

Смесата нанесете ја во слој од 2-3 мм на стомакот, бутовите, колковите, задникот или сите оние места на кои имате целулит. Потоа, замотајте ги со проѕирната кујнска фолија, но може и со кеса, оставете да делува 15 минути и исплакнете со топла вода.

За подобри резултати, оваа постапка повторувајте ја 2 до 3 пати во текот на неделата.

 

Е.С.

насловна сл/wizbangpop.com

сл2/ brooklynbridgeparents.com

сл3/ sanignaciobelize.com

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.