Безбедна и квалитетна заштита од сонцето

SOLARUS®  KIDS колекција за сончање за деца

 Сончевата светлина содржи ултравиолетови зраци, кои можат да му нанесат краткотрајна или  долготрајна штета на Вашето бебе и дете. Изгорениците во детството може да предизвикаат и посериозни последици бидејќи кожата на бебињата и децата е многу нежна, тенка, чувствителна и лесно може да дојде до нарушување на нејзината природна рамнотежа, губење на влага и појава на иритации. Правилната нега на кожата е многу важна за здравјето на бебињата и децата и затоа е неопходна заштита и нега.

SOLARUS® KIDS колекцијата е специјално создадена да ги задоволи потребите на нежната и чувствителна  бебешка и детска кожа.

SOLARUS-ZA-DECA

 

SOLARUS®  KIDS SPF 30 и SOLARUS KIDS SPF 50 млека и крема за сончање за бебиња и деца

-Обезбедуваат сигурна заштита на нежната детска кожа.

-Формираат заштитен слој од минерални филтри на површината на кожата кој ги одбива и ги рефлектира UVA и UVB зраците, спречувајќи ги истите да продрат до кожата.

-Специјално одбраната комбинација од природни масла го зголемува дејството на минералните филтри, овозможувајќи подеднаква распределеност, а со тоа и подеднаква заштита на кожата.

-Содржат невеново масло, масло од камилица, д-пантенол и витамин Е кои ја смируваат иритацијата и воспаленијата предизвикани од сонцето, ја подобруваат епителизацијата, ја навлажнуваат и омекнуваат кожата, го ублажуваат црвенилото со што се овозможува кожата да остане мазна и заштитена во текот на целиот ден.

-Содржат алое вера којa обезбедува брз разладувачки и смирувачки ефект, намалувајќи ја топлината на кожата предизвикана од сонцето.

-Формираат водоотпорна обвивка на кожата која штити во вода.

-Безбедни се за нежната и чувствителна детска кожа.

 

SOLARUS®  KIDS AFTERSUN млеко за после сончање

Ги смирува иритацијата и воспаленијата, со што кожата останува негувана и после изложување на сонце.

 

SOLARUS® колекција за сончање за возрасни

Секогаш заштитете ја својата кожа со SOLARUS® колекцијата со UVA и UVB заштитни фактори. Иако кожата на овој начин ја менува бојата побавно сепак резултатот е поубава и подолготрајна боја, спречена појава на изгорениции лупење на кожата. Постепено постигнатиот тен е подолготраен без притоа да се појават штетни последици на кожата. Бидејќи тенот помага во заштита против штетните ефекти на UV зрачењето, можете да го намалите нивото на заштита чекор по чекор онолку бргу колку што вашата кожа ќе обезбеди сопствен систем на заштита: тен.

Различни типови на кожа реагираат различно, типот на кожата влијае на тоа колку долго може да останете на сонце и кои типови на заштита ќе ви бидат потребни.

SOLARUS® ви нуди висока и ефикасна заштита, овозможувајки Ви уживање во сонцето и поубав и поздрав тен.

-Високо ефикасни хидратантни производи кои овозможуваат 100% хидратација на кожата

-Со витамини А и Е – моќни антиоксиданси кои ги неутрализираат слободните радикали и го спречуваат предвременото стареење на кожата

-Со  ß-carotene кој овозможува брзо и ефикасно потемнување

-Високо ефикасните филтри овозможуваат максимална заштита од штетните UVA и UVB зраци

-Лесно впивливи и водоотпорни производи кои не оставаат масни траги и не ги затвараат порите овозможувајќи и на кожата да дишe.

 

SOLARUS®  млеко за после сончање со екстракт од Алое вера со тројно дејство: ги смирува иритациите предизвикани од сонцето, помага на кожата да ја врати влажноста и поседува антиоксидативно дејство.

SOLARUS-VOZRASNI

 

Производител: Галафарм Скопје