Диета без јо-јо ефект!

Дали Ви се случило некогаш да започнете со диета и во текот на првите денови да се придржувате кон неа, па еден ден да не се придржувате, па после уште два дена строго да се придржувате…? Но, бидете сигурни дека со ваквиот јо-јо режим нема да го добиете посакуваниот ефект.

Претерувањето со храна, а потоа со гладувањето и повторно со претерувањето со храна само дополнително ќе го збуните Вашиот организам, а со тоа и успешното губење на килограмите. Баш напротив, наместо да ги изгубите килограмите, можете дури и да ги зголемите и тоа за 150%.

Затоа, кога се решавате за започнување диета морате да консумирате здрава и балансирана исхрана. Доколку не го направите тоа, во рекорден период ќе ги вратите и оние килограми кои сте ги изгубиле, но ќе добиете и повеќе.

SLIKA-2

Здравите навики и активности кои сте ги стекнале при правилно држење на диетата, морате да ги практикувате и по диетата.

Јо-јо диетата влијае негативно и врз физичкото здравје (варирање на тежината, недостиг на енергија, зголемен крвен притисок, ризик од појава на срцеви заболувања и мозочен удар) и врз психичкото здравје (нервоза, депресија, губење на самодовербата).

SLIKA-3

 

Е.С.

насловна сл/ fitnessyard.com

сл2/ blog.lighterlife.com

сл3/ genoviveusa.com

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.