Дали смееме да вежбаме во ПМС?

Кога сме во „оние“ денови не ни е до ништо, особено не до вежбање. Но, токму вежбањето е она што најдобро им помага на сите оние кои патат од предменструален синдром.

Вежбањето ги отстранува сите тешкотии кои во ПМС, како лошото расположение, мрзоволноста, нервозата, болките во стомакот… Затоа, доволно е неколку пати во текот на неделата да бидете активни.

SLIKA-2

Одговорот веројатно е во зголеменото излачување на хормонот ендорфин, кој е одговорен за зголемување на расположението.

Хормоните во текот на овулацијата на средината на циклусот можат да влијаат на вежбањето. Тогаш, тестостеронот е на највисокото ниво, жената се наоѓа во плодни денови, се јавува вишок енергија, па не е на одмет и да вежбате дури и потешки вежби.

Затоа не дозволувајте болката да Ве победи. Вежбајте колку можете повеќе и со сигурност ќе имате добри резултати.

SLIKA-3

 

Е.С.

насловна сл/ bahasa.aquila-style.com

сл2/ cosmopolitan.com

сл3/ greatist.com

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.