5 погрешни места на чување на козметиката

Веруваме дека никој од нас не ја чува сета козметика на едно место. Сигурно барем мал дел не е на своето место, туку на некое друго кое не е погодно за чување. На овие 5 места никако не смеете да ја чувате козметиката, затоа што може да се расипе и пред истекот на рокот на траење.

Во бањата. Ова е едно од најлошите места за чување на козметичките производи, но за нас најпрактични. Во бањата се создава пареа, од која можат да се размножат бактерии, а тоа сигурно не го сакате на својата козметика.

Во фрижидер. Фрижидерот всушност и не е лош избор за чување на козметиката. Меѓутоа, ладната температура не одговара на секој производ. Поголемиот дел од производите на ниска температура можат да ја променат формулата и да се одвојат компонентите. Во фрижидер, на пример можете да го чувате тоникот за чистење лице, со што би имал додатен освежувачки ефект, или пак, природните производи кои немаат конзерванси.

SLIKA-2

На даската под прозорот. Дополнителната сончева светлина, особено во летниот период, не е добра за козметичките производи. Доколку, производите не ги затворите добро, може да дојде до сушење. Постојаната промена на температурата кај прозорот доведува до одвојување на компонентите во прозиводите.

Врз радијаторот. Исто како и на даската на прозорот, козметичките производи не можат да стојат и врз радијаторот поради преголемата топлина. Топлината ги разбива активните состојки и масла и ги прави помалку делотворни.

Во автомобилот. Во автомобилот има премногу бактерии и прав со кои сигурно не сакате да дојдат во контакт со Вашиот омилен кармин.

SLIKA-3

Совет: Козметичките производи чувајте ги на темно и суво место, на собна температура. Чувајте ги сите на едно место, со што полесно ќе си го најдете производот што Ви е потребен во моментот.

 

Е.С.

насловна сл/ lips-n-eyes.com

сл2/ shoplilarose.com

сл3/ simplemost.com

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.