Зошто не треба да седиме со прекрстени нозе?

Сите жени, повеќе или помалку, седат со прекрстени нозе. Тоа е од проста причина што така сите изгледаат поженствени. Но, оваа навика воопшто не е здрава!

Кога подолго време седиме со прекрстени нозе, често доаѓа до непријатно чувство на трнење на нозете. Тогаш се покачува и крвниот притисок, бидејќи, како што ја ставаме едната нога врз другата, протокот на крв се запира на онаа нога која е од долу. Така, целата крв се пренесува кон срцето, кое сега веќе треба да испумпа поголема количина крв, па од тука доаѓа и високиот крвен притисок. Дури и да немаме проблем со крвниот притисок, ќе имаме проблем со циркулацијата на крвта.

Кога седиме во оваа положба, седиме неправилно, оносно некако накосено. Згора на тоа, ако седиме и подгрбавено, може да влијае врз коските до таа мера што може да се појават болки во колковите, кичмата и грбот.

Иако проширените вени во голема мера можат да бидат наследни, тие можат и сами да се појават со ова седење. Кога ќе ги прекрстиме нозете вршиме голем притисок на крвните садови поради што, крвта потешко циркулира, се намалува нејзиниот проток и вените почнуваат да набабруваат.

Сето ова доведува и до несаканиот целулит. Затоа, повеќе не го практикувајте ова седење. Барем потрудете се.

SLIKA-2

 

Е.С.

насловна сл/ youqueen.com

сл2/ styleoholic.com

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.