Совети од лично искуство за нега на коса

Како и секој друг дел од нашето тело, така и на косата и е потребна секојдневна нега како би била здрава и полна со живот. Особено во жешките летни денови кои следат. Јаките сончеви здраци ја оштетуваат косата, ја прават сува и дехидрирана, со што таа станува кршлива и ја менува својата боја.

Затоа, потребно е секојдневна и континуирана нега која ќе и овозможи хидратизација и заштита на косата.

Вашата секојдневна нега на косата нека се состои од добар шампон кој ќе одговара на потребите на Вашата коса, зависно од тоа дали и е потребен волумен, исправување итн. Секогаш избирајте природни производи кои во себе не содржат преголем број на хемикалии кои допонително ќе го оптоварат влакното, туку ќе го нахранат и ќе направат  Вашата коса да биде здрава и јака.

Јас го користам шампонот на Lush Fresh Hand Made Cosmetics, I Love Juicy кој е мешавина од неколку овошки, како манго, папаја, киви и ананас. Овој коктел на овошје, и дава свежина на мојата коса секое утро, природните состојки ми помагаат со прекумерното мастење на косата, со што мојата коса е здрава и јака полна со сјај.

SLIKA 2

SLIKA-3

SLIKA-4

Исто така, негата на Вашата коса, нека се состои од секојдневно внесување на свеж зеленчук и овошје, преку кои во Вашето тело ќе ги внесете сите потребни витамини и миниерали, кои пак се основни за поседување на здрава и јака коса.

Секако, избегнувајте ги лаковите за коса, гелови и слични препарати бидејќи тие ја оштетуваат косата, исто како и топлотните апарати како преси за коса, фен итн.

 

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

насловна сл/ pinmakeuptips.com

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.