Видео: Како до совршен воден-маникир?

Летото е совршено за маникир во најразлични бои, а токму ова лето ќе го одбележи маникирот со водени бои.

Водениот маникир најдобро изгледа на пократки нокти, но тоа не значи дека и долгите нокти нема да изгледаат убаво. Најдобро изгледа кога се комбинираат пастелни и светли бои. Сината боја е совршена за воден маникир, бидејќи потсетува на море и бранови.

Најпрво на ноктите нанесете бела или беж бој на лак како основа, а потоа изберете барем 3 различни бои на лак. Сите бои разредете ги со ацетон и со четкичката нанесувајте ги на различни делови на ноктите.

Ве советуваме да го погледнете видеото и да си направите свој воден маникир.

 

Е.С.

насловна сл/minikes.rs

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.