Како да бидете тренди деловна жена?

Бела кошула, црни пантолони, сако… Класична деловна комбинација. Но, новите трендови, новото време, носат и нови навики и можности.

Излезете од досадната и класична црно-бела комбинација, додадете боја и бидете различни но сепак изгледајте сосема софистицирано и „деловно“. Црното сако заменете го со светло сиво, розево или виолетово, долгите пантолони со пантолони до глужд, а црниот фустан со пурпурен.

 

SLIKA-1

SLIKA-2

Секоја модна комбинација надополнете ја со интересни тренди чевли кои ќе отстапуваат од класичните црни салонки. Компанијата Marwell  е одлично место за пронаоѓање на совршениот пар на деловни но, модерни чевли. Мојот избор падна на овие два пара интересни но, софистичирани чевли кои одлично може да се комбинираат со еднобојни фустани, сакоа и класични пантолони .

freshdesignpedia.com

lulus.com

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

насловна сл/ pinkdivacafe.com

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.