Планирате летување? Внимавајте на бемките!

Дека сонцето станува сè поопасно најдобро знаат луѓето кои имаат осетлива кожа. Но, без разлика на типот на кожата, бемките кај секого се осетлива зона и за нив треба посебна нега кога се изложени на сонце.

Затоа, редовно прегледувајте си ги бемките според A, B, C, D, E чекори.

SLIKA-2

A (asimetry) – асиметрија. Кога ќе ја погледнете бемката, замислете дека преку неа сте нацртале вертикална линија со централна оска. Доколку двете половини се симетрични, нема потреба да се грижите.

B (border) – рабови. Рабовите на бемките се правилни, за разлика од меланомот кој има неправилни рабови.

C (colour) – боја. Бојата кај нормалните бемки најчесто е некоја нијанса на кафеава боја, но, внимавајте, меланомот има неколку бои.

D (diameter) – пречник. Нормалните бемки имаат пречник најмногу од 6мм.

E (evolution) – развој. Здравите и нормални бемки не се менуваат, но меланомот се менува и по боја, големина и облик. Тој предизвикува чешање и крварење.

Поради сето ова, многу е важно кога одите на летовање да посветите огромно внимание на бемките. Пред да ја изложите кожата на сонце, на неа нанесете посебна козметика за сончање.

Ви ја препорачуваме летната колекција за сончање– SOLARUS® од Галафарм.

SLIKA-3

Секогаш заштитете ја својата кожа со SOLARUS® колекцијата со UVA и UVB заштитни фактори. Иако кожата на овој начин ја менува бојата побавно сепак резултатот е поубава и подолготрајна боја, спречена појава на изгорениции лупење на кожата. Постепено постигнатиот тен е подолготраен без притоа да се појават штетни последици на кожата. Бидејќи тенот помага во заштита против штетните ефекти на UV зрачењето, можете да го намалите нивото на заштита чекор по чекор онолку бргу колку што вашата кожа ќе обезбеди сопствен систем на заштита: тен.

Различни типови на кожа реагираат различно, типот на кожата влијае на тоа колку долго може да останете на сонце и кои типови на заштита ќе ви бидат потребни.

SOLARUS® ви нуди висока и ефикасна заштита, овозможувајки Ви уживање во сонцето и поубав и поздрав тен.

-Високо ефикасни хидратантни производи кои овозможуваат 100% хидратација на кожата

-Со витамини А и Е – моќни антиоксиданси кои ги неутрализираат слободните радикали и го спречуваат предвременото стареење на кожата

-Со  ß-carotene кој овозможува брзо и ефикасно потемнување

-Високо ефикасните филтри овозможуваат максимална заштита од штетните UVA и UVB зраци

-Лесно впивливи и водоотпорни производи кои не оставаат масни траги и не ги затвараат порите овозможувајќи и на кожата да дишe.

SOLARUS®  млеко за после сончање со екстракт од Алое вера со тројно дејство: ги смирува иритациите предизвикани од сонцето, помага на кожата да ја врати влажноста и поседува антиоксидативно дејство.

Достапни се во млеко СПФ 27, СПФ 18, масло СПФ 6, крема СПФ 50 за нега на лице и врат, млеко за после сончање.

 

Е.С.

насловна сл/ bizradar.co

сл2/ babinlek.com

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.