„Smoothie“ од праска

Свежите праски почнаа да се продаваат на пазарот. Ве советуваме да си купите неколку и од нив да си направите одлично летно „smoothie“ кое ќе Ве освежи во овие топли денови.

Потребни состојки:

2 топки сладолед од ванила

2 праски

1 кафена лажица лимонов сок

150 мл јогурт

Начин на подготовка:

Двете праски излупете ги и извадете им ја семката. Потоа сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Сервирајте во 2 чаши.

На здравје!

SLIKA-2

 

Е.С.

насловна сл/blenderbabes.com

сл2/shewearsmanyhats.com

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.