Како правилно да одберете шминка?

За да го одберете вистинскиот квалитет и потребната нијанса на шминката, многу е важно под каква светлина ја избирате. Честопати, осветлувањето во продавниците за убавина дава неприродна светлина, па според тоа, оној производ кој ќе го избереме ќе ни даде несоодветна нијанса на друга светлина.

Поради тоа, Ве советуваме шминката да ја избирате на дневна светлина. Во парфимериите, најдобро би било да застанете до прозор за да можете да си ја одберете соодветната шминка или пак, да излезете надвор.

Доколку во просторијата нема природен извор на светлина најдобра алтернатива би Ви било халогенско светло.

 

Е.С.

насловна сл/ qcmakeupacademy.com

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.