Видео: Вежбање во вода

Додека сме на одмор, често го занемаруваме вежбањето иако напорно сме вежбале за добиениот резултат. Вежбањето во вода е одлично решение за продолжување на рутината.

Вежбањето во вода, за разлика од она на суво не создава притисок на зглобовите и мускулите, со што се намалува ризикот од повреди. Отпорот на водата е поголем од отпорот на воздухот, со што вежбањето станува потешко, но ќе добиете убаво дефинирани мускули без нималку пот. Вежбањето во вода не го зголемува крвниот притисок, а помага и во подобрување на циркулацијата во крвта.

Затоа, Ве советуваме да го погледнете видеото пред да заминете на одмор.

 

Е.С.

насловна сл/myfitness.lv

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.