Како до посакуваната боја на кармин?

ОДБЕРЕТЕ ЈА ПОСАКУВАНАТА БОЈА НА КАРМИН БЕЗ ДА ГО ИСПРОБАТЕ НА УСНИТЕ

Сигурно до сега Ви се има случено да си купите кармин, да дојдете дома, да го пробате и да не Ви се допаѓа како Ви стои!

И навистина тешко може да се погоди бојата на карминот да одговара на Вашиот тен, но Ви откриваме трик со кој отсега посакуваниот кармин не ќе морате да го испробате.

Многу девојки и жени ја прават истата грешка – го нанесуваат карминот на горниот дел од дланката и доколку им се допаѓа нијансата го купуваат. Подоцна сепак не им одговара на тенот.

Проблемот е во тоа што бојата на горниот дел на дланката не е воопшто иста со бојата на лицето или на усните.

SLIKA-2

Наместо на горниот дел на дланката, пробајте го карминот на врвовите на прстите. Исто така, прстот можете да го доближите до усните, што значи дека уште подобро ќе можете да видите дали Ви одговара.

Совет: Кога ќе одбирате nude нијанси, на прстот нанесете или една нијанса потемна или една нијанса посветла боја, бидејќи тие најдобро ќе Ви одговараат на Вашата кожа.

SLIKA-3

 

Е.С.

насловна сл/carriagesevents.co.uk

сл2/ telegraph.co.uk

сл3/ weddingsite.co.uk

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.