Љубовни зборови: Исто како деца

ИСТО КАКО ДЕЦА

Морето е прекрасно наутро,

со тебе би сакала да го шетам

бескрајно,

и покрај него,

да уживаме во неговиот звук

наречен слобода,

во неговиот мирис

наречен опојка.

Со тебе би сакала да го ужувам сето тоа,

заедно да ја мирисаме таа опојка,

заедно да ја чувствуваме таа слобода.

Да ги доживеам со тебе

среќните љубовни стихови,

напишани на листот хартија,

на клупата покрај морето.

Сакам како палави и безгрижни деца,

да ги напишеме нашите имиња,

на песокот покрај лежалката,

и на таа песок да трчаме

бркајќи се еден со друг.

Ц. Б.