Вкусете летен десерт без грижа на совест

За подготовка на овој летен десерт потребни се само неколку минути. Најдобро е тоа што овој сладолед е навистина здрав и со него нема да ги зголемите килограмите.

Потребни состојки:

3 чаши вода

3 замрзнати банани

2 шаки друго смрзнато овошје (бобинки, јагоди, цреши)

½ кафена лажица екстракт од ванила

1 шака индиски ореви

Малку мед

SLIKA-2

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Доколку сакате, другото овошје можете и да не го блендирате, туку да ги додадете цели во смесата на крај. Медот додадете го по желба, доколку сакате поблаг вкус. Ставете го фрижидер за длабоко замрзнување неколку часа. Потоа, спремен е за сервирање.

 

SLIKA-3

На здравје!

 

Е.С.

насловна сл/designed2eat.co.uk

сл2/blenderbabes.com

сл3/vegkitchen.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.