Хроно исхрана – продукти важни за појадокот

Најважниот оброк во хроно исхраната е секако, појадокот. Првиот утрински оброк треба да биде обилен, а притоа, не постои  забрана за тоа кој вид на продукти да се консумираат, секако, освен во рестриктивни случаи. Токму затоа, овој режим на исхрана е светски популарен.

Иако не постојат строги ограничувања кога е во прашање количината, пожелно е да ја најдете правилната мерка, која нормално, ќе даде најдобри резултати.

Се нудат 3 продукти кои треба да бидат содржани во секој хроно појадок:

Леб – одземете 100 од својата висина во сантиметри, а добиениот резултат поделете го со 2. Вака ќе добиете оптимална грамажа за леб.

Маслиново масло – доволна количина е колку да можете да го премачкате маслото врз лебот – од пола до едно цело кафено лажиче.

SLIKA-2

Сирење – количината се одредува како кај лебот. Значи, Вашата висина минус 100, поделено со 2.

 

Е.С.

насловна сл/ officialhealthblog.com

сл2/webmd.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.