Што Ве прави среќни?

„Ако зборуваме за секојдневна среќа, тогаш малите работи се оние кои ме прават среќна: првото утринско вкусно кафе, прошетка во природа на сончево време, вкусниот ручек со семејството, добар филм во кино со пријателите, прегратките со саканиот. Кога станува збор за вечната среќа тогаш тоа е мир, спокој и хармонија во домот и луѓето кои ги сакам.“

ГАЛА-девојка, 26

 

„Ме прават среќна семејните празници, интересни патувања на места што никогаш порано ги немам видено, и пријатни изненадувања од најблиските.“

ГАЛА-девојка, 28

 

„Среќна ме прават заедничките моменти со мојот сопруг, особено нашите долги вечерни прошетки низ градот.“

ГАЛА-девојка, 26

 

„Што ме прави среќна? Искрено, само кога сум надвор од Скопје.“

ГАЛА-девојка, 26

 

„Среќна ме прават моментите поминати со луѓето кои ми значат и ги сакам, особено со мој едногодишен најсакан внук.“

ГАЛА-девојка,24

 

„Среќна сум кога се среќни моите најдраги луѓе. Својата среќна и позитивна енергија ми пренесуваат и мене, затоа сакам кога сме сите среќни и расположени.“

ГАЛА-девојка, 23

 

„Среќна сум кога сум слободна. А слободна сум кога можам да се искажам кога ми е тешко без да ми биде замерено, кога имам кому да се искажам дури и кога сум среќна. Среќна сум кога долго пешачам размислувајќи за работите кои ги имам и ми ја пружаат таа среќна.“

ГАЛА-девојка, 25