5 слатки задоволства без броење на калории

На оние кои се на диета и секоја калорија им е важна, им нудиме 5 слатки задоволства на кои не мора да им ги броите калориите и кои можете слободно да ги вметнете во секоја диета:

Црно чоколадо. Можеби и не е баш доволно благо, но во комбинација со некое суво овошје може да се постигне посакуваниот ефект.

Чоколадно млеко. Доволно е благо за да задоволи сечии вкусови. Исто така полно е со протеини.

Овошен јогурт. Содржи големо количество на протеини и калциум. Единствен проблем е тоа што ќе мора да внимавате на брендот, бидејќи многу од нив додаваат голема количина шеќер.

Чиз кејк. Оние кои обожуваат торти и колачи, ова е одличен избор. Чиз кејкот е лесно и овошно благо колаче кое нема да ѝ влијае на Вашата линија.

SLIKA-2

Енергетски плочки. Ќе внесете многу малку калории во организмот, но со тоа ќе го регулирате шеќерот. Ги има во безбројни комбинации со жито, овошје, семки, мед и чоколадо.

SLIKA-3

 

Е.С.

насловна сл/ dishmaps.com

сл2/ groupon.co.uk

сл3/ encian.hr

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.