„Хипонатремија“ – спротивно од дехидратација

Сите знаеме дека водата е најважна при хидратацијата на организмот. Па според тоа, во текот на денот треба да пиеме околу 2 литри вода, за да не дојде до жед и дехидратација на организмот. Но, што се случува доколку испиеме многу поголема количина вода?

Предозирањето со вода, односно хипонатремијата доведува до губење на натриумот во крвта, кој може да се надомести со консумирање на сол. Тоа покажува дека има премногу вода во однос на количината на растворлива супстанција во организмот.

SLIKA-2

Ова претставува закана особено за спортистите, особено за маратонците. Тие се подложни на долготрајни напори, при што консумираат големо количество вода, а притоа не внесуваат минерали во организмот. Така доаѓа до нарушување на електролитниот баланс во организмот.

Хипотермијата се открива инцидентно и обично, не бара некоја специфична терапевтска интерванција.

Симптомите од хипонатремијата се лесна конфузија, поспаност, главоболка, гадење, повраќање, нарушување во одењето и вниманието, слабост, замор.

Затоа, водата пијте ја кога имате потреба од течност, односно кога чувствувате жед. Ова е најдобриот начин правилно да го хидрирате телото и да го одржите електролитниот баланс.

 

Е.С.

насловна сл/elconfidencial.com

сл2/ sportvoedingsgids.be

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.