Мултифункционални козметички производи

Во ова време на летни патувања, можете да се најдете во ситуација во која нема да можете со себе да ги понесете сите козметички производи кои ги имате дома, па затоа би било добро со себе да имате неколку СОС производи кои ќе имаат неколку различни примени.

SLIKA-2

Тонирана крема. Тонираната или ВВ крема може да Ви послужи како хидратантна крема, пудра или коректор. Доколку сакате да ја употребите како коректор нанесете ја на лицето и оставете ја да се суши неколку секунди пред да ја размачкате. На тој начин ќе добие текстура како коректорот.

Балсам. Балсамот можете да го употребите за лекување на суви и испукани усни, суви лакти или други останати суви делови на кожата. Ви препорачуваме да употребувате балсам во туба, наместо оној кој се вади со прсти, бидејќи е похигиенски. Сигурни сме дека не сакате во него да внесете бактерии кои подоцна ќе Ви предизвикаат кожни проблеми.

Кремасто руменило. Сите знаеме дека руменилото во прав после долгиот ден може да исчезне од лицето, па морате да го нанесувате повторно и повторно. Бидете сигурни дека кремастото руменило ќе го нанесете еднаш и ќе Ви трае во текот на целиот ден. Освен тоа, може да Ви послужи и како кармин.

SLIKA-3

Бадемово масло. Шишенцето со бадемово масло е нешто што сигурно морате да го имате во Вашата торба. Богато е со витамин Е, ја хидрира, храни и штити кожата и ѝ го дава посакуваниот сјај. Исто така, ја смирува надразнетата кожа, ја хидрира и ја јакне косата и ѝ овозможува природен сјај.

BADEMOVO-MASLO

Терминална вода. Терминалната вода може да смири многу воспаленија на кожата, да го намали црвенилото, да послужи како разладувач во топлите денови или во текот на вежбањето, а исто така може да послужи и како фиксатор на шминката.

Мицерална вода. Освен што со неа можете да ја отстраните шминката, можете и да го исчистите и ненашминканото лице од сета нечистотија и бактерии.

 

Е.С.

насловна сл/ campus.collegegloss.com

сл2/askaboutmeee.wordpress.com

сл3/ makeupgeek.com

 

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.