Љубовни зборови: Поради тебе

 

Поради тебе

Да, изгубена сум,

 и заљубена сум.

Ги збунив мислите

поради тебе,

ги испомешав и го изгубив

нивниот комфорен правец.

Ја вознемирив душава

поради тебе,

и тоа е толку вистинито,

но толку многу добро.

И не е повеќе исто.

Со тебе луѓето се подобри,

без маани и злоба.

Се смеам на сите,

добра сум,

и со добрите,

и со лошите.

Утрото е секој ден

прекрасно,

а ноќта уште поубава.

Со тебе и метежот не ми пречи,

ниту турканиците,

ниту полните улици со лоши погледи.

Сега сакам се,

сега ми светат очите,

со љубов.

Ц.Б.