„Smoothie“ со вкусот на летото
Во текот на летниот период особено е важно да останете хидрирани. Ова „smoothie“ со лубеница и малини ќе Ви го овозможи тоа, а воедно и ќе Ве освежи. Исто така, одлично е за бубрезите!
Потребни состојки:
2 чаши сецкана лубеница без семки
1 чаша малини
2 кафени лажици сецкано свежо нане
½ чаша вода или кокосова вода
4-5 коцки мраз
Начин на подготовка:
Сите состојки ставете го во блендер и изблендирајте. Ќе добиете 2 чаши совршен пијалок за освежување и разладување. Доколку е потребно додадете уште вода. Украсете со ливчиња нане.
На здравје!
Е.С.
насловна сл/ recipeshubs.com
сл2/ castlerockvapor.com
сл3/ greatideas.people.com
*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.
*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.