Ослободете се од непријатниот здив

Речиси и да не постои човек кој досега не му се случило да има непријатен здив. Но, сепак кај некои луѓе тој проблем се случува почесто.

Миење заби и чистење јазик– миењето заби е многу важно, но не е и најважниот чекор. Најголем проблем претставува јазикот. Оваа област е исполнета со голем број пукнатини и вдлабнатини, кои претставуваат идеално место за размножување на микроорганизми. Затоа, потребно е редовно чистење на јазикот. Можете да го исчистите со специјален чистач за јазик или пак со задниот дел на четкичката за заби.

SLIKA-2

Забен конец – користете забен конец најмалку два пати во текот на денот. На тој начин ќе ги отстраните ситните честички храна, чие распаѓање предизвикува формирање на сулфур гасови.

SLIKA-3

Хидрирање на устата – недоволната количина на плунка во устата предизвикува таложење на наслаги од кои бактериите почнуваат да се хранат, а со тоа и прекумерно и да се размножуваат. Затоа, ви препорачуваме да пиете вода што почесто.

 

Е.С.

насловна сл/ acnetribe.com

сл2/ geourdu.com

сл3/ getdentalcaretips.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.