Темелно исчистете го овошјето и зеленчукот

Темелно исчистете го овошјето и зеленчукот од пестициди

Сè почесто консумираме овошје и зеленчук за кое не сме сигурни како е третирано пред да се најде на нашата трпеза. Но, по овие 3 начина за отстранување на пестицидите, ќе уживате во нив без страв.

Миење и сушење. Сите знаеме како треба да се измијат продуктите пред конзумирање, но ќе постигнете многу поголем ефект доколку добро ги исушите. По миењето со млака вода, темелно пребришете со чиста памучна крпа. Идеално е за овошје и зеленчук кој има мазна кора како јаболко, круша, тиквица, краставица и сл.

Потопете го во вода. Солта има силно антибактериско дејство, а може да послужи и за миење на овошјето и зеленчукот. Во поголем сад ставете млака вода и сол. Откако ќе се стопи солта, ставете го лисестиот зеленчук и оставете го неколку минути. Овој метод е одличен за секој лисест зеленчук како марула, блитва, спанаќ, брокула, карфиол и слично, но не и за печурки.

SLIKA-2

Спреј против пестициди.

1 чаша млака вода

2 кафени лажички сода бикарбона

2 кафени лажички лимонов сок

Состојките ставете ги во шишенце со распрскувач, добро промешајте ги и испрскајте ги продуктите. По 10 минути, измијте ги. Спрејот е одличен за зелена салата и цикорија, но може да го користите и за миење на секое овошје и зеленчук, освен печурки.

SLIKA-3

 

Е.С.

насловна сл/ healthplus.vn

сл2/ chinasichuanfood.com

сл3/ popsugar.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.