Стапалата и Вашето здравје

Дали сте знаеле дека стапалата, исто како и лицето, претставуваат огледало на Вашето здравје? Секоја промена на стапалата е знак дека нешто се случува во Вашиот организам. Ние ќе Ви ги откриеме неколкуте најважни промени:

-Доколку забележите дека раните на стапалата зараснуваат поспоро од вообичаено, многу е веројатна присутноста на дијабетисот;

-Грчот на стапалата се поврзува со проблеми со нервите, но може да биде и показател на дехидрација или пак, лоша исхрана. Се препорачува вежбање, внесување течности и производи богати со калциум, калиум и магнезиум;

-Губењето на влакната на ножните прсти, често покажува дека имате проблем со циркулацијата на крвта;

-Хипотиреоза т.е. мрзелива штитна жлезда е резултат на ладни стапала, а може да предизвика и губење на косата, нагло зголемување на телесната тежина или депресија;

-Отечен и болен ножен палец може да биде последица од инфекции или артритис;

-Пожолтените нокти може да алудираат на габични инфекции.

Доколу имате некој од овие симптоми, најдобро е да се консултирате со Вашиот доктор, бидејќи не секогаш овие симптоми не мора да укажуваат на сериозни болести, затоа, нема потреба да стравувате предвреме.

SLIKA-2

 

Шопинг-помошник: Sensilis Foot Care колекција за нега на стапала од Галафарм

 

fc-1 fc-2

 

Е.С.

насловна сл/ worksmartlivesmart.com

сл2/awhealthcare.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.