Долги и виткани фризури за лето 2016

Долгата коса овозможува правење безброј фризури. Особено убаво прилегаат најразличните видови на локни. Ви ги претставуваме досега најубавите виткани фризури кои се во тренд ова лето, а Вие одберете си некоја и украдете ја идејата.

Големи локни. Изгледаат многу гламурозно и полни со волумен. Волуменот можете да го постигнете со чешлање на косата или едноставно, поминете со прстите низ неа.

SLIKA-2

Ретро локни. Овие класични ретро локни изгледаат елегантни, уредни и гламурозни. Оние кои имаат густа коса, можат да го поделат патецот на страна. Оваа фризура совршена е за забави или свадби.

SLIKA-3

Локни со изразен степен. Доколку сакате да ја освежите Вашата долга коса, тогаш дефинитивно потшишајте ја степенасто. Витканата степенасто потшишана коса добива поголем волумен и изгледа прекрасно. Оваа фризура одлична е за во текот на целиот ден.

SLIKA-4

Природни локни. Природните локни се повеќе од прекрасни. Тие изгледаат убаво дури и без дополнително третирање на косата.

SLIKA-5

Брановидни локни. Оваа фризура е одлична за постигнување лежерен изглед. Можете да ја носите во текот на целиот ден, без оглед на тоа каде одите.

SLIKA-6

 

Е.С.

*Доколку превземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е превземан текстот.