КАКВА ШМИНКА ИМ ОДГОВАРА НА ДАМИТЕ СО +50 ГОДИНИ?

Дали сте забележале дека со навршени 50 години од животот процесот на шминкање и ефектот не се воопшто исти како некогаш?

Како што изгледот на кожата се менува, треба да го менувате и начинот на шминкање. Еве на што треба да посветите особено внимание:

Хидратацијата е најважна. Лицето треба постојано да го хидрирате. Пијте многу вода и мијте го лицето со ладна вода за затегнат ефект. Избегнувајте цигари и алкохол.

Тонирана крема. Започнете со употреба на тонирана крема, за успешно да ги покриете брчките и недостатоците на кожата, наместо течна пудра.

Сенки со топли тонови. Сенките со ладни тонови, особено сјајните, повеќе ги истакнуваат брчките и недостатоците на лицето, особено на очните капаци. Затоа, започнете со употребата на сенките со топли тонови со мат ефект.

SLIKA-2

Заборавете на тушот за очи. Тушот за очи овозможува погруб изглед на очите, особено кога очните капаци се незатегнати. Затоа, употребувајте молив за очи кој ќе овозможи нежен изглед.

Внимателно со руменилото. Избегнувајте ги темните и сјајни нијанси на руменило. Употребувајте руменило со природна боја, светли и мат нијанси.

SLIKA-3

Молив за усни. Избегнувајте ги моливите за усни, или пак доколку веќе морате да го употребите изберете светла нијанса. Истото важи и за карминот. Темните нијанси на кармин само ќе овозможат дополнителна видливост на брчките околу усната.

Косата го надополнува изгледот. Доколку извлечете посветли прамени, дефинитивно ќе изгледате посвежо и помладо.

 

Подготвил: Е.С.

насловна сл/ goodhousekeeping.com

сл2/ sixtyandme.com

сл3/ kadinyasami.net

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземен текстот.