НАМАЛЕТЕ ГИ КИЛОГРАМИТЕ СО ОДЕЊЕ

Доколку не сте голем фан на трчањето, тогаш својот кардио тренинг направете го со одење.

Ви нудиме програма на одење за почетници која трае вкупно 26 минути, а Вие ќе треба да се прилагодите на интензитетот, времето и фрекфенцијата. Пред секое вежбање загревајте се.

Интензитет. Треба да одите со побрзо, а не со побавно темпо. На скала од 1 до 10, интензитетот на движење треба да биде од 5 до 7.

Време. Времето на вежбање зависи од Вашата кондиција, но сигурно е дека не смеете да се форсирате.

Фрекфенција. Почетниците овие вежби треба да ги прават 3 пати на ден, додека напредните по 5 пати на ден.

SLIKA-2

Вака изгледа програмата:

-првите 5 минути одете со поспоро темпо

-2 минути одете најбрзо што можете

-1 минута одете со умерено темпо

-2 минути одете најбрзо што можете

-1 минута одете полека

-3 минути одете најбрзо што можете

-2 минути одете со умерено темпо

-3 минути одете најбрзо што можете

-2 минути одете со споро темпо

-последните 5 минути истегнете се.

 

Секојдневно зголемувајте ги минутите на вежбањето.

SLIKA-3

 

Подготвил: Е.С.

насловна сл/ramblers.org.uk

сл2/ huffingtonpost.com

сл3/ livestrong.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземен текстот.