Како до визуелно подолга коса?

ТРИКОВИ КАКО ВАШАТА КОСА ДА ИЗГЛЕДА ВИЗУЕЛНО ПОДОЛГА

Секако дека за да имате подолга коса би требало да ставате надградба или додатоци. Но, еве како Вашата коса да изгледа визуелно подолга без нив:

Што повеќе степени. Рамно скратената коса дава очигледна должина, затоа Вашиот фризер нека Ви ја скрати на што повеќе слоеви и степени. Така потешко може да се утврди каде завршуваат краевите.

Исправете ја косата. Доколку имате виткана коса исправете ја. Ова е најбрз начин да добиете значително поголема должина. Можете да употребите преса за коса или пак, едноставно да ја исфенирате.

„Патец“ на средина. „Патецот“ на средина визуелно ја издолжува косата, за разлика од оној на страна кој ѝ дава поголем волумен.

SLIKA-2

Лажно коњско опавче. Секако дека тука спаѓа целосно лажно опавче како додаток, но исто така, тоа можете да го постигнете и само со Вашата коса. Поделете ја косата хоризонтално на два дела и врзете ја во две опавчиња, едно врз друго.

SLIKA-3

 

Подготвил: Е.С.

насловна сл/7-themes.com

сл2/ fashionovert.com

сл3/ fashionpheeva.com

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземен текстот.