„SMOOTHIE“ ЗА ЕНЕРГИЈА УШТЕ РАНО НАУТРО

Ви предлагаме „smoothie“ за совршен почеток на работниот ден, а воедно и за заштедување на времето за појадок и за кафе. Бидејќи се состои од банана и кафе, ќе Ве разбуди и ќе ја добиете неопходната енергија за успешно извршување на утринските задачи.

SLIKA-2

Потребни состојки:

100 мл нискомаслено млеко

100 мл ладно кафе

1 банана

Мед по желба

Коцки мраз

Начин на подготовка:

Излупете ја бананата и заедно со останатите состојки ставете ја во блендер и изблендирајте. Исто така, можете да додадете и ванила по желба. Сипете во чаша и декорирајте со зрна свежо кафе и парчиња банана.

Доколку избегнувате кофеин, ова „smoothie“ слободно можете да го подготвите и со безкофеинско кафе.

SLIKA-3

 

На здравје!

 

Подготвил: Е.С.

 

насловна сл/ trimdownclub.com

сл2/ love-laurie.com

сл3/ love-laurie.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземен текстот.