Љубовни зборови: Поема

Љубовни зборови-поема

Би можел ли да останеш до зора

одлуката зависи од тебе

а враќањето дома е бавно возење…

одењето дома е толку осамено и споро возење

би ја закачил ли твојата јакна

покрај Пикасовиот постер

спиеш ли од лева или десна страна?

нема ли да ти пречи да го оставам

светлото…?

можам ли утрото да ти подготвам

филџан домашно кафе?

Ќе го засладам со мед и крем

кога спиеш

дали сонуваш?

можеш ли да прочиташ утрински весник

а јас ќе можам да те гледам додека се бричиш

би можел ли да останеш до зора

одлуката зависи од тебе

ноќта просто ме сече

како нож

би можел ли да останеш уште малку

и да ми го спасиш животот…?

Извадок од поема на Дори Превен

„Дамата со плетенките“